ЛИВ МЕТАЛ ДООЕЛ е компанија која произведува производи од обоени метали, обработка и сервис. Формирана во 1992 година како мала работилница за лиење и обработка на обоени метали, а денеска е компанија со свои производствени погони за лиење и обработка на производи и сервис на пумпи. Во нашата широка палета на производи, произведуваме: вентили, приклучоци, перки за вентилатори, алуминиумски спојки, алуминиумски капаци за бензински пумпи, резервни делови за бензински пумпи, пумпи, челични фланшни, поилки за стока и делови по нарачка со ваши димензии.
Соработуваме со голем број на компании во Македонија: Макпетрол, рудници Бањани, МЗТ пумпи, Оилко и други.
Нашите производи ги дистрибуираме низ цела територија на Македонија и земјите во регионот.
Нашиот тим е составен од високо стручни кадри, металуршки инженери кои се посветени на работата.






























































